Општествена одговорност: Членката на АСОМ „Спорт-Лаиф“ со донација од 4 милиони денари за Клиниката „Св. Наум Охридски“

Донација за Клиниката „Св. Наум Охридски“

Компанијата членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), „Спорт-Лаиф“ обложувалници, уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност со значајна донација за Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Со вкупна вредност од околу 4 милиони денари, целосно е реновиран и опремен одделот за висцерална и абдоминална хирургија.

Реновирањето на одделот за постоперативна нега на пациентите, кој се протега на површина од  400 м2, вклучува целосна обнова на внатрешноста, модернизација на електричните и на санитарните инсталации. Донацијата вклучува и набавка на 24 нови двомоторни медицински кревети, мебел, душеци, инфузиони стативи и дополнителна медицинска опрема што значајно ги подобрува условите за нега и лекување на пациентите.

Ова е уште еден пример на долгорочната заложба на компанијата „Спорт-Лаиф“ за инвестирање во квалитетно јавно здравство.

Донација за Клиниката „Св. Наум Охридски“

„Сметаме дека оваа донација беше неопходна за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство. Како општествено одговорна компанија, даваме свој придонес за развој на општеството и за поддршка на хуманите цели“, изјави Петар Поцков, маркетинг-директор на „Спорт-Лаиф“.

Овие инвестиции обезбедуваат квалитетна здравствена услуга во современи услови, како за пациентите така и за медицинскиот персонал. Оваа поддршка претставува продолжение на долгорочната заложба на „Спорт-Лаиф“ да инвестира во јавни добра кои се од витално значење за заедницата.

Донација за Клиниката „Св. Наум Охридски“

Членките на АСОМ ќе продолжат со реализирање на вакви иницијативи како пример за успешно партнерство меѓу приватниот сектор и здравствените институции во насока на подобрување на условите за лекување и зголемување на квалитетот на живот.