кон што се стремиме

едукација

Преку кампањи и програми ги едуцираме вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно обложување и приредување на игри на среќа и подигање на свеста за можните негативни влијаниа (последици) од игрите на среќа.

ЛЕГИСЛАТИВА

Доследно и во целост ги почитуваме Законите и правилата и се залагаме за активно и организирано делување на Асоцијацијата при носењето легислатива од областа на игрите на среќа во обложувалница, за подобрување на законската регулатива и подзаконските акти и спречување на нелегалното обложување и развој на сивата економија.

РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ

Се стремиме кон унапредување на индустријата и имплементација и промовирање на најсовремените светски стандарди во игрите на среќа во обложувалница.

СИГУРНО ОПКРУЖУВАЊЕ

На играчите на игрите на среќа во обложувалница  им нудиме безбедно и целосно правно регулирано опкружување, совети и едукација за остварување на нивните права при игрите на среќа во обложувалница.

Цели на АСОМ

АСОМ има за цел унапредување на индустријата на игрите на среќа во обложувалница, развивање и промовирање на светски и современи стандарди на игрите на среќа, едукација на играчите во обложувалница преку организирање различни активности за неопходноста од почитување и спроведување на законите и правилата на игрите на среќа во обложувалница, подобрување и унапредување на законските и подзаконските одредби во областа на игрите на среќа во обложувалница, совети и едукација на играчите во обложувалница за остварување на правата при игрите на среќа во обложувалница, унапредување на квалитетот на услугите кои ги обезбедуваат приредувачите на игри на среќа во обложувалница и промовирање на игрите на среќа во обложувалница во РСМ.

Членовите на Асоцијацијата активно се залагаат и за унапредувањето на регулативата, како и надминување на потешкотиите и добивање на поддршка во поглед на примената на законската и подзаконската регулатива од областа на игрите на среќа во обложувалница, но и за активно и организирано делување во остварувањето на правата при донесувањето на регулатива од областа на игрите на среќа во обложувалница. 

Асоцијацијата има својство на правно лице со права обврски и одговорности кои произлегуваат од Статутот и законските прописи. Органи на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) се Собрание и Претседател.

асом ги обединува

Законодавството
Институциите
Играчите и поддржувачите
Индустријата на игрите на среќа во обложувалница
Бизнис заедницата