Придонес во државниот буџет
Со своето работење индустријата на игри на среќа, во која влегуваат и игрите на среќа во обложувалница, придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. Во 2018 година, во државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа се слеале 253 милиони евра. Од тоа, 135 милиони евра од директни приходи и 118 милиони евра, благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа, во 2018 година, издвоиле околу 32 милиони евра, а на име на даноци исплатила 11 милиони евра. Овие податоци споредени со 2017 година покажуваат дека придонесот на индустријата на игри на среќа во јавниот буџет во 2018 година е зголемен за неверојатни 41%.
Во индустријата, во текот на 2018 година се вработиле 40 % повеќе луѓе отколку во 2017. Индустријата воглавно вработува студенти и дипломци кои претставуваат околку 15 % од вкупниот број на вработени. Сите директно вработени во оваа индустрија, кои ги има околу 7.700, одржуваат уште седум работни места во други стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува скоро 54.000 работни места во земјата.
Вработувања
Стимул за други стопански дејности
Индустријата на игри на среќа влијае и врз развојот и зголемување на обемот на производство на своите добавувачи на кои приредувачите, по основ на набавки на роба и услуги, само во 2018 година им донеле повеќекратна заработка. На пример, при отворање на ново уплатно место, кои во земјава ги има околу 600, се инвестира од 50.000 до 80.000 евра, а за одржување на постојните уплатни места се издвојуваат по 10.000 до 15.000 евра. Овие средства воглавно се слеваат во компаниите за производство и продажба на мебел, компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на софтвер, набавка и одржување на возниот парк и слично.
Од индустријата на игрите на среќа, 3% од приходот се издвојуваат за Агенцијата за млади и спорт. Само во 2018 година, кон Агенцијата за млади и спорт се исплатени повеќе од 60.000.000 денари кои се директна инвестиција за развој на спортот и младите земјата.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија и сите нејзини членки се општествено одговорни субјекти кои, континуирано помагаат на оние на кои помошта им е најпотребна и поддржуваат проекти и активности од интерес за заедницата.