Што треба да знаете!

Обложувањето е активност за слободно време. Без разлика дали вие или некој што го познавате се обложува, важно е да се знае дека обложувањетo има потенцијални ризици. Факт е дека освен што добиваат, луѓето и губат кога се обложуваат. Затоа вие, вашето семејство и вашите пријатели треба да знаете како да се заштитите и да ги препознете кога обложувањето станува проблем.

Совети за одговорно обложување

Обложувањето е, пред сè, вид на забава. Тоа е начин како да го „зачините“ следењето на натпреварот на својот омилен тим, внесувајќи дополнителен адреналин. Исто така, тоа е начин на следење на сите спортски настани со поголемо внимание и тоа да е статистички поткрепено. Но, морате да имате своја лична граница. Кога се обложувате, немојте да ја преминете таа граница. Немојте да преминете преку финансискиот праг кој го имате. Исто така, немојте да имате преголеми очекувања во врска со финансиската добивка од обложување. Обложувањето треба и мора да биде забава, а не начин на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување.

1. Обложувајте се со пари кои можете да си дозволите да ги изгубите

Обложувајте се со пари кои би ги издвоиле за забава, на пример за кино или пијалак со пријателите. Никогаш не користете пари што ви се потребни за важни работи како кирија, сметки, школарина и сл.

2. Не се обидувајте да ја надоместите загубата

Ако изгубите пари, никогаш не се обидувајте да ги вратите. Со тоа ќе ја надминете границата, а ова вообичаено доведува до уште поголеми загуби.

3. Поставете си граница за пари

Пред да играте, одлучете колку пари можете да си дозволите да изгубите. Кога сте ја изгубиле таа сума на пари, откажете се.  Ако победите – уживајте, но запомнете дека тоа нема постојано да се случува.

4. Поставете си временски рок

Одлучете колку време можете да си дозволите да поминете во обложување. Кога ќе го достигнете тој временски рок, престанете.

5. Немојте да се обложувате кога сте депресивни или вознемирени

Тешко е да се донесат паметни одлуки за обложување кога сте вознемирени или се чуствувате лошо

6. Направете баланс помеѓу обложување и други активности

Важно е да уживате во други активности, така што обложувањето да не одзема преголем дел од вашиот живот

7. Обложувањето и алкохолот се лоша комбинација

Обложувањето под влијание на алкохол,  ве става во позиција да донесете лоши одлуки за кои подоцна може да зажалите.