Преку изградба на мрежа на фудбалски мини-терени низ целата држава, компанијата „Моцарт“ ја продолжува поддршката за заедницата, зајакнувањето на младите и нивно насочување кон здрави навики.
„Моцарт“, која е членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија – АСОМ, својата општествено одговорна акција за започна од Охрид каде што беше пуштен во употреба првиот фудбалски мини-терен.

„Преку овој проект, од Охрид започнуваме приказна со срце. Задоволството е огромно кога ќе ги видиш младите спортисти со сјај во очите и желба за игра. Тие ни ја потврдуваат исправноста на нашиот избор. Првиот чекор е направен и не застануваме тука“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од „Моцарт“.
Во знак на признание кон придонесот во македонскиот фудбал, фудбалскиот терен го носи името на поранешниот репрезентативец од Охрид – Гоце Толески. Можноста први да заиграат на новиот терен ја имаа младите фудбалски надежи на Охрид на кои им се придружи и нивниот идол Толески.

Тој упати благодарност до компанијата „Моцарт“ за континуираниот придонес за развој на спортот и негување на спортскиот дух кај младите генерации.
„Непроценлива е честа и радоста што токму јас сум дел од овој исклучителен проект, а особено што овој прекрасен фудбалски терен го носи моето име. Сѐ додека постојат вакви општествено одговорни компании што вложуваат во спортската инфраструктура, ќе постои и надежта за нови фудбалски ѕвезди. Делото на ‘Моцарт’ треба да биде пример и инспирација за сите останати”, изјави Толески.

Натпреварот имаше хуманитарен карактер, а собраните средства од секој добар потег на теренот, одбрана или погодок беа повод за донацијата, што „Моцарт“ ја упати кон здружението „Тајните на моето срце“ кое работи на поддршка на деца со посебни потреби од Охрид, да се зголемува.
Фудбалската приказна „Моцарт“ ќе ја продолжи во Велес и Свети Николе.

Ваквите проекти се пример за тоа како компаниите членки на АСОМ можат да придонесат кон подобрување на локалната заедница преку реални иницијативи што ги препознаваат потребите на младите и вложуваат во нивната иднина. Инвестицијата во спортска инфраструктура претставува поддршка за физичката активност и поттик за фер игра и развој на децата што остануваат како вредности и надвор од теренот.

