Евротип со поддршка на семејството на Ице Андонов од Кочани

Во рамки на настанот Car Show Битола 2025 кој се одржа на 21 јуни, компанијата Евротип – членка на АСОМ – учествуваше со штанд во рамки на КС Групацијата, на кој не само што го претстави брендот, туку придонесе и за создавање на автентичен пример на општествена одговорност.

На својот штанд, Евротип ги обедини посетителите преку игри, забава и хуманост, насочена кон една посебна цел: поддршка за семејството на Ице Андонов од Кочани; младо момче кое трагично го загуби животот во неодамнешниот пожар во дискотеката „Пулс“. Сите игри имаа хуманитарен карактер, односно секој учесник, преку симболична донација, стана дел од мисија за поддршка на семејството на Ице.

Евротип со поддршка на семејството на Ице Андонов од Кочани

Како дел од настанот, беше изложен и неговиот автомобил како симболичен спомен и потсетник на неговата пасија и животна енергија.

Донацијата беше лично предадена на семејството, во духот на почит и солидарност.

Како лиценциран приредувач и членка на АСОМ, Евротип со оваа акција покажува дека одговорното делување не е ограничено само на деловните активности – туку вклучува и активно учество во заедницата, особено кога е најпотребно.

АСОМ ја поздравува оваа иницијатива и ја препознава како пример за вистинска општествена одговорност.

Евротип со поддршка на семејството на Ице Андонов од Кочани