Крводарителната акција спроведена од страна на КС Групација, од која дел е „Евротип“, членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, е последната во низа акции на општествена одговорност кои ги спроведуваат компаниите членки на АСОМ.
На оваа, 15-та по ред крводарителна акција, што се одржа во просториите на компанијата во Битола, беа вклучени 27 вработени од сите компании дел од КС Групацијата.

Акцијата беше спроведена во соработка со Црвен крст Битола и Службата за трансфузиологија при ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“.
„Во изминатите 15 крводарителни акции, успеавме да собереме над 400 единици крв. Овој број не е само статистика – тоа се стотици животи на кои им е дадена шанса. Благодарност до сите хумани луѓе кои со своето дарување покажаа дека солидарноста и грижата за другите сè уште живеат во нашето општество. Ќе продолжиме со истата посветеност и во иднина“, изјави Елена Трајчевска, координатор на крводарителските акции од КС Групацијата.

Преку вакви примери, членките на АСОМ ја нагласуваат улога што ја имаат во општеството, не само како двигатели на економијата, туку и како одговорни и ангажирани чинители во општеството. Општествената одговорност е трајна вредност која членките на АСОМ ќе продолжат да ја негуваат.

