Компанијата „Моцарт“, членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија – АСОМ, преку донација во здравството ја продолжува својата успешна и општествено одговорна работа.
Станува збор за мобилен, преносен ехо апарат за мозок кој „Моцарт“ го донираше во Општата болница со проширена дејност во Прилеп. Со помош на апаратот се зголемува грижата што боницата ќе може да ја пружи преку воведување на многу важна услуга како што е ехо прегледот на мозок кај секое новороденче.
„Секоја донација што остава трага во нечиј живот е наш мотив да продолжиме. Особено кога станува збор за здравјето на децата, тоа е нешто што не познава компромис. Со донираниот апарат веќе се извршени бесплатни прегледи на мозок кај голем број новороденчиња. Горди сме што можеме да помогнеме таму каде што е најпотребно“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од „Моцарт“.

Реализацијата на оваа донација како и бесплатните прегледи, претставува значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита на најмладите, велат од болницата во Прилеп.
„Овој апарат е од непроценливо значење за нашата болница. Благодарение на ‘Моцарт’, сега можеме навремено да откриеме евентуални невролошки состојби уште во првите денови од животот. Во иднина планираме да воведеме и ехо на срце кај секое новороденче, со што значително ќе ја унапредиме педијатриската грижа“, изјави директорот на болницата, д-р Кире Јоноски.

„Моцарт“ до сега има реализирао бројни донации во опрема за дијагностика и за подобар третман на пациетите во повеќе здравствени установи низ Македонија, од Клиниката за детски болести, до болниците во Штип, Гостивар, Битола и многу други.
Компаниите членки на АСОМ ја препознаваат потребата да вложуваат таму каде што најмногу значи, во здравјето и иднината на заедницата. Поддршката за системот на јавно здравство преку конкретна опрема и услуги е вистински пример за одговорно работење во интерес на колективното добро.

