Членка на АСОМ со поддршка за инклузија: „Спорт-Лаиф“ донираше средства за организацијата „Отворете ги прозорците“

Компанијата „Спорт-Лаиф“, членка на АСОМ, реализираше донација за „Отворете ги прозорците“, една од водечките организации во областа на асистивната технологија и поддршка на деца и млади со различни физички и развојни попречености во Македонија.

Со донацијата ќе се обезбеди индивидуална стручна поддршка за децата, пристап до неопходни алатки и асистивни технологии, како и континуирана работа со професионалци кои ќе придонесат за нивниот развој, напредок и трајна позитивна промена во нивниот живот.

Оваа поддршка е дел од континуираните општествено одговорни активности на „Спорт-Лаиф“, насочени кон унапредување на инклузијата, образованието и квалитетот на живот на децата и младите.

Компаниите членки на АСОМ доследно инвестираат во значајни општествени иницијативи, со што покажуваат дека одговорното работење и поддршката на ранливите категории се трајна заложба и важен дел од нивното корпоративно управување.