Членките на АСОМ ја ставаат грижата за своите вработени во центарот на работењето, обезбедувајќи стабилни работни места, редовни примања и безбедни услови за работа. Со почитување на законските обврски и континуираните вложувања во обука и развој, компаниите-членки придонесуваат кон економска сигурност и професионален напредок на илјадници вработени низ државата.
Во насока на унапредување и мотивирање на човечкиот потенцијал, „Евротип“ – членка на АСОМ, додели признанија на свои вработени кои одбележуваат 10 години работа во компанијата.
Меѓу наградените се Љупчо Биневски, експерт во креирањето на коефициенти, Антонио Грујовски, дел од тимот за управување со ризик и Маја Нуткова операторка во „Евротип“ Неготино.

Со ова, „Евротип“ ја истакнува важноста на лојалноста, професионалноста и долгорочниот развој на вработените, кои се клучен сегмент во создавањето на стабилна и одговорна деловна средина.
Со ваквите практики, „Евротип“ ја потврдува својата заложба за градење стабилни, мотивирани и развојно ориентирани тимови, што претставува пример за одговорно корпоративно управување во индустријата.

