Грижата за вработените претставува суштински дел од корпоративната култура на сите членки на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија – АСОМ, кои преку различни иницијативи вложуваат во долгорочни и стабилни работни односи и продуктивни кадри. Компанијата „Евротип“, членка на АСОМ и дел од КС Групација, е еден од добрите примери за посветеноста на градење на добра работна средина.
Во рамки на одбележувањето на 10 годишнината од своето основање, „Евротип“ започна со доделување јубилејни плакети и награди за вработените кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток.
Овој месец е посветен на Христијан Деловски, еден од првите членови на тимот на „Евротип“, кој има клучна улога во развојот на понудата на специјални игри на кои тој е креатор.

Христијан ја започнува својата кариера во компанијата во секторот за понуда и авторизација, а по реорганизацијата на овој сектор, останува дел од тимот за понуда. Благодарение на неговата посветеност и професионален развој, пред една година е унапреден во позицијата одговорен за анализа и контрола на понуда и авторизација.
На прашањето каде се гледа во следните 10 години, неговиот одговор е едноставен: „Се гледам како дел од КС Групацијата“.
АСОМ ги поттикнува ваквите практики, верувајќи дека грижата за вработените е клучен елемент во градењето на одржлив и успешен бизнис. Членките на АСОМ, како што е „Евротип“, покажуваат дека вложувањето во човечкиот капитал не само што ја зајакнува компанијата, туку и придонесува за позитивен развој на целата индустрија.
Преку вакви иницијативи, АСОМ и нејзините членки продолжуваат да ја демонстрираат својата посветеност кон создавање на работна средина која ги вреднува и поддржува своите вработени, поставувајќи пример за другите компании во секторот.

