АСОМ со новогодишни пакетчиња за децата од СОС Детско Село

Во пресрет на празниците, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија на децата кои се поддржани од СОС Детското Село им подари новогодишни пакетчиња. Денеска, претстедателот на АСОМ, Васко Илијевски ја посети организацијата и им ја честита новата година на децата, нивните СОС родители и сите вработени.

„Имавме навистина тешка година, која веројатно најмногу ги погоди децата. Се намалија нивните дружења, се промени начинот на кој тие ја следат наставата. Токму затоа, со овој мал гест, на децата кои се подржани од СОС Детското Село сакаме да им ги разубавиме новогодишните празници. Им упатувам искрени желби за поубава и посреќна нова година, исполнета, пред сé со многу здравје и што повеќе безгрижни детски денови.“ – истакна Претседателот на Асоцијацијата, Васко Илијевски.

„И  благодарам на Асоцијацијата што годинава одлучи да даде придонес во СОС Детското Село со донација во новогодишни пакетчиња. Со Претседателот разговараме за можности за нивна идна поддршка, кои би ги разгледале заеднички наредната година.“ – изјави Директорката на Програмата СОС Детско Село Скопје , Александра Ивановски.