АСОМ: Спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги во своите објекти во периодот од 21 до 07 часот.

Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека согласно новите мерки на Владата за заштита од Ковид-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 21 часот, спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги во своите објекти во периодот од 21 до 07 часот.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира на почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници и уште еднаш потсетува на истите. 


Според проколот за работа,  во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.


Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.