ЕВРОТИП ГИ ИЗБРА НАЈДОБРИТЕ ОПЕРАТОРИ ЗА 2020 ГОД.

Евротип е компанија која ги следи светските трендови и како минатата година, така и оваа го направи изборот за „Најдобар оператор за 2020год.“Титулата „Најдобар оператор за 2020 год. им припаѓа на Рената Богданова од Штип и Маријана Данилоска од Кичево. 
„Евротип е едно големо семејство. Од ден на ден компанијата бележи раст и го зголемува бројот на своите вработени. Со прогласувањето на „Најдобар оператор на годината“ се мотивираат вработените и се стимулира нивното позитивно однесување, а она е тоа кон кое се стреми оваа компанија.“ – велат од менаџментот на Евротип.Првичната селекција е направена со 18 кандидати од секоја групација по 1 кандидат.„Кога станува збор за вакви исклучително добри кандидати јасно е зошто изборот е толку тежок. Во предвид се земени повеќе критериуми, од кои: работен стаж во компанијата, број на уплатени тикети, деловна комуникација со клиенти, итн. Сепак, во најтесен круг останаа само две девојки. Едната од источниот дел, другата од западниот дел на Македонија.“
Им честитаме на двете девојки, а како благодарница за нивниот неприкосновен труд и ангажман Евротип ги награди со рачен часовник.