Евротип ја спроведоа најуспешната крводарителска акција досега

Вкупно 37 крвни единици беа собрани на досега најуспешната крводарителска акција организирана од страна на спортските обложувалници Евротип. Третата по ред акција од ваков карактер наиде на голем одзив кај вработените, а за првпат се вклучи и Благојче Брдаковски, обложувач во Евротип, кој за акцијата дозна преку социјалните мрежи, а на овој начин сакаше да ја истакне својата хуманост. Покрај од Битола, течност која живот значи даруваа и вработени во Евротип од Дебар, Прилеп и Ресен.

„Искрено сме изненадени од одзивот на кој наиде оваа наша акција. Во неа се вклучуваат наши играчи, вработени од другите градови, а на наше задоволство, акцијата наиде на слух и кај останати компании од градот, кои се одлучија да учествуваат по направениот прв чекор од Евротип и Голд Слот. Ќе продолжиме и понатаму со организирањето на акции од ваков карактер, а се надеваме дека и други ќе се вклучат на оваа наша иницијатива. Ние не застануваме тука со нашата хуманост. “ – изјави Елена Трајчевска, организатор на акцијата на Евротип.