Евротип ги обнови просториите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес

Социјалната инклузија на лицата со попреченост е нешто на што секој од нас треба да посвети внимание. Во обидот за исполнување на својата општествена одговорност, спортската обложувалница Евротип помагна на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, каде што во последниот период беше поставен ламинат во просториите на здружението, извршено беше и белеење на просторот, а се поставија и бекатон плочки.

Здружението од Велес, кое брои 50-тина членови, има изградено бројни пристапни патеки во институциите и училиштата, а во нивната борба се вклучува и Евротип.

Покрај извршените зафати во просториите, не беа заборавени ниту младите членови на здружението, кои добија и подароци од страна на двете компании за Новогодишните празници.

Оваа невладина организација постои веќе 23 години во кои се труди да го промени погледот на јавноста кон лицата со попреченост. Спортската обложувалница Евротип и понатаму ќе биде дел од борбата за инклузија на овие лица, со цел нивниот живот да биде што подобар и полесен.