Над 300 пакети со облека, храна и играчки, донирани од околу 800 вработени

Над 300 пакети со облека, храна и играчки, беа донирани до семејства од ранливи категории во пресрет на новогодишните празници. 

Хумани граѓани, вработени во нашата членка на асоцијацијата, Евротип спортски обложувалници, кои имаат претставништва во Битола, Скопје, Гевгелија, Охрид, Струга, Радовиш, Валандово, Куманово, Струмица, Штип, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Кичево и Велес и останати помали градови, како и рурални средини, се здружија и покажаа дека она што за еден е малку, за друг е многу. Акцијата беше во соработка со Црвен Крст, а се донираше онаму каде што Црвениот крст одлучи дека тоа е најпотребно. На акцијата им се придружија и вработените на двете фирми Голд Слот и Голд Фелициа.

Под мотото „Подари среќа, подари радост“, беше организирана оваа акција, која заврши со одличен исход, а беше донирана во очи празникот Св. Никола.

Од Црвен крст истакнаа, дека оваа хуманитарна акција е една од најголемите која била спроведена во државата, се заблагодарија на соработката, и посочија и останатите компании, организации, поединци и останати хумани луѓе да донираат и да помогнат да нема гладни сограѓани.

„Секој заслужува радост и среќа особено за време на празниците. А ние сакавме да ја покажеме нашата хуманост и да ги поттикнеме останатите компании и ннивните вработени во Македонија да го следат нашиот пример. Затоа што добрите дела остануваат засекогаш, а среќните лица на оние кои се најранливи, се глетка која навистина ја топли душата. Токму заради ова, оваа хуманитарна акција ќе биде традиционална и ќе ја организираме секоја година. Им посакуваме на сите Среќна Нова година и Божиќни празници!“, посочи менаџментот на овие фирми.

Овие три фирми од Битола, донираат и помагаат во континуитет, до сега помогнале на бројни семејства и поедницни, како и инситуции, цркви и манастири, а успешно и секоја година организираат акција за дарување на крв, каде последниот пат беа собрани над 120 единици со крв.