Асоцијацијата има својство на правно лице со права обврски и одговорности кои произлегуваат од Статутот и законските прописи. Органи на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) се Собрание и Претседател.
Собрание
Собранието го сочинуваат сите членови на АСОМ и истото претставува највисок орган на Асоцијацијата. Член на Асоцијацијата може да биде секој приредувач на игри на среќа во обложувалница на територијата на Република Северна Македонија и секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Северна Македонија и/или странец со привремено или постојано живеалиште на територијата не РСМ.
Претседател
Асоцијацијата ја претставува и застапува Претседател. Претседател на АСОМ е Васко Илијевски.