Изминатиов викенд на две локации во градот Скопје, во населбите Карпош и Аеродром, нашата членка, спортската обложувалница СпортЛајф имаше поставено штандови на кои на случајни минувачи им беа делени заштитни маски за лице и средства за дезинфекција на раце.
Вакви акции се предвидени и на други локации во текот на следните неколку викенди, а истите имаат за цел подигнување на свесноста кај јавноста за почитувањето на здравствените мерки за заштита од Ковид-19.Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ги потсетува своите играчи дека при посета на спортска обложувалница, во целост треба да ги почитуваат личните мерки за заштита и протоколите под кои работат сите членки на Асоцијацијата.