Компаниите-членки на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија продолжуваат да ја демонстрираат својата општествена одговорност преку конкретни хуманитарни активности. Најнов пример за тоа е успешно реализираната крводарителна акција во Битола, организирана од страна на „МаксБет“.
На повикот се одзваа 15 вработени, од кои 10 успешно дaруваа крв.
Акцијата беше спроведена со поддршка од страна на Трансфузиологија и на Црвениот крст Битола.

„Особено ме радува ентузијазмот со кој вработените се вклучија во акцијата. Овој тип на партнерства се од исклучително значење и со задоволство ќе продолжиме со заеднички активности за мотивирање дарители и надвор од компанијата“, изјави Лиле Ристевска, секретар на Црвениот крст Битола.
„МаксБет“ до сега успешно има реализирано повеќе од 70 акции за дарување крв, преку кои дава континуираната поддршка на здравствениот систем и спасувањето животи.

Членките на АСОМ дејствуваат како општествено одговорни компании и активно се вклучени во поддршка на здравствени и на социјални иницијативи. АСОМ и нејзините членки остануваат посветени на промовирање на хуманите вредности и поддршка на заедницата преку конкретни активности што прават разлика.

