ВИДЕО: 14-годишниот пливач со 5 национални рекорди Димитар Бошнаков за својата мотивирачка приказна

Младиот Димитар кој плива од својата трета година ни ја раскажа својата инспиративна приказна која изобилува со успеси во пливањето.

Димитар кој е носител на 5 национални рекорди говори за својата посветеност кон пливањето и жртвите кои секојдневно ги прави за да ги постигне своите цели.

За тоа како е да се работи со Димитар разговараме и со неговиот тренер, додека неговата мајка одвои време да ни раскаже каква е улогата и поддршката на семејството кога станува збор за млад ентузијаст и професионален спортист.

Талентираниот Димитар е поддржан во кампањата за општествена одговорност „Вложуваме во млади таленти“ која ја имплементира Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.